(Видео) Каков лудак – На сред интервју извади базука и златен пиштол и го стаписа новинарот!

0
168

Шампионот на ВБЦ, Дионте Вајлдер, покажа дека разорните удари што ги поседува не се единствените средства против кои се брани од потенцијалните напаѓачи.

Американскиот боксер ги шокираше спортските гледачи на БТ спорт кога на сред интервју го покажа целиот арсенал на оружја кои ги поседува во својот дом во Алабама.

Додека зборуваше за неговите луксузни автомобили, од дуксерот извади златен пиштол, а потоа и базука!

– Не ми е потребна полицијата, ниту било кој друг! Во Америка, сè може да се купи, не знам дали е легално, но можете да го имате она што го сакате.

– Обично одам на стрелаштво, но наскоро ќе си направам и во куќата. Се опуштам кога пукам со оружје, тоа има на мене терапевтски ефект.

– Имам многу оружја, па дури и еден таков позлатен пиштол. Сакам да ги расклопам и исчистам, а си купив и заштитен елек … “, изјави Вајлдер.

Американецот се уште не е поразен и по 41 меч во рингот, а 39 пати го принудил судијата да ја прекине борбата.

Коментирај