(Видео) Како Шкендија заработи три црвени картони и беше елиминирана и од ЛЕ?

0
176

Во завршницата на напреварот против Дудаланж, Шкендија успеа и со играч помалку да даде гол преку Агим Ибраими за 1-1 во 92-та минута.

Потоа нервозните тетовци по исклучувањето на Валмир Нафиу, направија циркуз кој заврши со инцидентот на најискусниот – Ибраими.

Незадоволен од одлуката, му удри глава на судијата и веднаш „поцрвене“, со што сигурно ќе добие голема суспензија од Европската куќа на фудбалот.

Инаку на овој натпревар Шкендија доби дури три црвени картони, откако претходно пред голот на Ибраими поради два жолти картони поцрвене и Муслиу.

Погледнете го инцидентот на Ибраими….

Коментирај