(Видео) Како машини – Механичарите на Ф1 тимот на Ред Бул повторно се надминаа себеси!

0
132

Холанѓанецот Макс Ферстапен уште долго ќе ја памети трката за ГН на Германија во Хокенхајм, бидејќи тој и неговиот тим се изборија за голема победа на хаотичната трка во која механичарите имаа најмногу работа.

Но освен што ќе се памети по победата на Ферстапен, ќе се памети и по новиот рекорд на механичарите на Ред Бул кои повторно се надминаа себеси.

Според Формула 1, официјално поставија нов светски рекорд за најбрз реализиран пит-стоп.

На Ф1 трката во Германија, тие си го подобрија својот рекорд за 0,03 секунди, па така новиот рекорд сега е 1,88 секунди.

Пред само неколку недели, Ред Бул постави нов рекорд со време од 1,91 секунда, а сега тоа време беше повторно подобрено.

Погледнете го новите рекорд….

Коментирај