Видео: Каде гледаа Чакир и неговите помошници кога Марсело играше со рака?

0
2243

Голема прашина во медиумите крена моментот од финишот на првото полувреме кога при едно нафрлување топката во рака го погоди Марсело, но Чакир и неговите помошници не се огласи.

Играњето со рака на Марсело за многумина беше очигледно, а по натпреварот и самиот Марсело потврди дека во таа ситуација имало пенал.

Интересно што од видеото кое се појави на интернет јасно се гледа дека Чакир и неговите помошници во моментот кога топката го погодува Марсело во рака гледаат токму во него.

Реал Мадрид по вчерашното реми обезбеди пласман во финалето од Лигата на шампионите.

Иако Баерн е тимот кој остави подобар впечаток, сепак Реал е тимот кој ќе игра Киев каде што ќе се обиде да стигне третиот трофеј во низа во најелитното европско натпреварување.

Sportski.mk

Коментирај