ВИДЕО: Јовановиќ за позицијата на Анѓушев – Исто како да се назначи алкохоличар за чувар на алкохол

0
1758

Бранимир Јовановиќ, советник во Министерството за финансии на Драган Тевдовски, прашан за именување на вицепремиер за економски прашања од бизнис секторот, како што тоа е сега Кочо Анѓушев, вели дека тоа е како да се назначи алкохоличар за чувар на алкохол.

-Најдобрата оценка за ова прашање ја даде еден мој другар кој рече дека да се назначи претставник на бизнис заедницата за вицепремиер е како да назначите човек кој што љуби да пие да чува визба во која има складирано алкохол. Ова не го вели за да го навреди бизнис секторот, туку за да го илустрирам конфликтот на интереси кој што постои во оваа релација. Задачата на бизнисот е да прави профит- сликовито ја објаснува советникот за финансии позицијата на новиот вицепремиер за економски прашања.

Коментирај