ВИДЕО: Историска позадина на противењето на Грција кон името Македонија, македонската нација и јазик

0
1796

Спорот околу името помеѓу Република Грција и Република Македонија опфаќа неколку прашања главно обединети околу името Македонија, етничкото потекло на населението што живее во оваа земја, како и ословувањето на јазикот кој тоа го користи. Ескалацијата на спорот се проширува до такви рамки што неговото решавање вклучува и учество на меѓународни медијатори од највисоко рамниште.

Историска позадина на спорот

Македонија преку чија територија поминуваа патиштата што водат од Централна Европа кон Блискиот Истоквсушност претставува не само сообраќаен, туку и стратешки јазол. Долината на Вардар ја има предноста што од север преку Моравската долина води до големиот Солунски залив, од каде преку Егејското море завлегува на исток кон долината на Струма и на запад преку Албанија до Јадранско Море. Оттука за Македонија не се борат само младите балкански држави кои сакаат со Македонија да ги зголемат својата територија и бројноста на населението, но и големите – Австрија, Русија, Англија и Турција – чиј стремеж да играат клучна улога во структуирањето на Балканот ќе се манифестира токму преку нивните територијални претензии кон Македонија.

Безбројните извори (книги, статии, студии, дипломатски преписки..) јасно сведочат дека не само балканските, туку и европските влади ѝ посветувале внимание на Македонија. Во европската историја тешко е да се најдат слични примери толку да се пишувало и расправало за националниот карактер на еден народ, каков што е случајот со Македонците.

Оваа преокупација околу националниот карактер на Македонците произлегува од определени политичко-стратешки интереси – и тоа не само на балканските националистички кругови, туку и на големите европски сили (во прв ред на Австрија и на Русија), кои во трката за завладување на Балканот, настојуваат да ја вклучат и Македонија во својата интересна сфера, поради нејзината извонредна географско-стратешка положба.

За сите оние кои не се добро потковани, но и за оние кои што сакаат да дознаат повеќе за историската позадина на спорот што Грција ни го наметна за нашето име и идентитет, еве цел серијал од пет епизоди, во кој од повеќе страни се разгледува целата проблематика. Погледнете ги сите пет епизоди:

Прв дел: Историска Македонија

Втор дел: Периодот меѓу двете светски војни

Трет дел: Втората Светска војна и Граѓанската војна во Грција

Четврти дел: Периодот по Граѓанската војна во Грција

Петти дел: Независна и самостојна Република Македонија

Коментирај