ВИДЕО: Истокот на нозе против власта, стотици луѓе во еден глас со Мицкоски скандираа „МАКЕДОНИЈА“!

0
763

Масовен одзив на граѓаните на собирите на кои присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Граѓаните, разочарани од актуелната Влада велат: Истокот се крева на нозе дојде време власта да си замине.

Вечерва претесен беше просторот во партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Штип каде граѓаните скандираа „МАКЕДОНИЈА“ заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на својот Фејсбук профил објави и галерија од вечерашната средба со граѓани на која може да се забележи големата масовност и порача:

„Ветуваа богата просперитетна, економски силна Македонија. Што донесоа? Донесоа пљачка, донесоа криминал. Дали има една нова отворена фабрика овдека во Штип? Дали донесоа една нова фабрика во технолошко индустриската зона? Ништо нема се затворија се запустија. За тој криминал ќе дојде денот кога од прв до последен ќе одговараат.“

Коментирај