ВИДЕО: Инцидент во Куманово – Претседателот на ОО СДСМ нападнал учесник во маршот „Да ти е*у мајку македонску“

0
770

По завршувањето на маршот организиран од иницијативата „За заедничка Македонија“ во Куманово вечерва се случи инцидент. Според очевидци, претседателот на општинската организација на СДСМ нападнил тракторист кој учествувал на протестот.

Инцидентот се случил пред зградата во која е сместен локалниот штаб на СДСМ.

Како што тврди учесникот во маршот Раде Цветковски, претседателот на СДСМ – Куманово прво со тупаници почнал да удира во неговиот трактор, а потоа физички нападнал момче кое било во тракторот зад него. Момчето, според изјавите, е однесено во кумановската болница.

– Ми се нафрли дечко, почна да удира со тупаници во предните стакла од шофершајбната. Откако ја отворив вратата, го турнав со неа, а тој се нафрли. Зад мене имаше момче со трактор во движење, пред него имаше автомобил. Тој го фати за рамо го влечеше и го удираше неколку пати, изјави Цветковски.

Претседателот на ОО на СДСМ Куманово, во видно алкохолизирана состојба физички нападна учесници на маршот „За заедничка Македонија“. Имено, излегувајќи од штабот на СДСМ во Куманово (стар комитет), со тупаници се нафрлил врз двајца луѓе, од кои едниот бил качен на трактор и се враќал од маршот, притоа користејќи и вербални навреди како „Да ти е*у мајку македонску“!

Очевидецот Гоце Трендевски праша дали претседателот на локалната СДСМ се чуствува како Македонец.

Претседателот на општинската организација на СДСМ во кусиот телефонски разговор информира дека не може да разговара, бидејќи е во СВР Куманово.

Веднаш по инцидентот, СВР Куманово ја блокираше улицата „Илинденска“ каде што се наоѓа зградата пред која се случи немилиот настан и еден час ја блокираше.

Гневот и очајот во општинската организација на СДСМ кулминираа деновиве бидејќи огромен број кумановчани, меѓу кои и членови на СДСМ ја осудуваат политиката на Заев и неговото раководство, која е спротивна на националните и државни интереси.

Кумановци, вклучувајќи ги и членовите на СДСМ се’ помасовно излегуваат на улиците во градот и бараат Заев да ја отфрли платформата од Тирана. Вечерашниот протест беше најмасовен досега.

Според информациите нападнати биле Раде Ц. и Николче М. од селото Пчиња. Како што објавија медиумите, напаѓачот е Мартин Костовски кој е приведен и откако бил алкотестиран било утврдено дека имал 1,42 промили алкохол во крвта.  Повредениот Николче М. моментално се наоѓа на интезивна нега по здобиените телесни повреди.

Извор: МИА / Република

Коментирај