ВИДЕО: Инцидент на Евросонг – Влета на сцената, го зеде микрофонот и вика “нацисти“

1
1442

Како што можеше да се види во директниот пренос, гледач истрча на бината и ја прекина во моментот кога SuRie се спремаше за втората строфа. Веднаш реагираше обезбедувањето кое спречи поголем инцидент.

Водителот на вечерашното финале по настапот разговараше со останатите учесници, додека надлежните одлучуваат дали SuRie повторно да настапи.

Како што објави BBC, британската пејачка и било понудено да го повтори настапот, но таа одбила.

Потсетуваме, Велика Британија ја претставува SuRie со песната „Storm“.