ВИДЕО: Интерпелацијата за владата на Заев е готова, има два дела – еве што опфаќа

0
1242

Интерпелацијата за Зоран Заев е готова. Таа според нефоцијалните информации од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде составена од два дела. Во првиот дел се сите ветени, а неоставарени ветувања на СДСМ и Заев за првите шест месеци од владеењето. Вториот дел ќе биде анализа, на како што велат од опозициската партија, промашените владини политики  почнувајќи од даночната, па се до надворешната политикајавува Сител.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на координација во Собранието попладнево одлучуваше кога да се поднесе и формално барањето за недоверба на Владата. Во опција се сабота или недела за да може седницата за интерпелацијата да биде закажана наредните вторник или среда.  Тоа би било и првиот работен ден на народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ.

– По дебата од еден работен ден, пребрoјувањето на гласовите за поддршка или недоверба на Владата вообичаено с елсучува на полноќ

Се прават калкулации да се испочитува и најавената лидерска средба за името веднаш по Велигденските празници, и интерпелацијата, но и реформските закони кои мора да бидат донесени до 13 април, за да влезат во изветштајот на ЕК на 17.

Во меѓувреме работните групи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ финишираат особено за правосудството. Се уште има разлики во делот на изборното законодавство. Опозицијата и понатаму бара прв човек на ДИК и широка влада пред избори.

Во втората фаза од политичките преговорите ВМРО-ДПМНЕ неофицијално ќе инсистира и на тоа опозицијата да има први позиции во контролните институции или пак, за нив да се гласа со 2/3 мнозинство. Како што се пример, јавниот обивнител или претседателот на Антикорупциската комисија.

Коментирај