(Видео) Имаше постер од Ц.Ѕвезда и забиваше на пластичен кош – По 15 години стана НБА ѕвезда која го шокираше светот!

0
392

На социјалните мрежи се појави 15 години стара снимка во која пет годишниот Лука Дончиќ ужива во дружењето со родителите, игра игри и забива на пластичен кош во неговата соба.

Лука Дончиќ имаше спектакуларна деби сезона во најсилната лига во светот. Со дваесет години тој собори бројни рекорди во НБА и не постои сомнеж дека пред него е блеската кариера.

За кратко време стана миленик на навивачите на Далас и се смета за фаворит за освојување на наградата за најдобар дебитант на сезоната.

Снимката од документарниот филм “SBL – Спорт илјада лица” , кој беше снимен пред 15 години, го воодушеви регионот. Таткото на Лука, Саша Дончиќ, во тоа време со голем успех играше кошарка во Словенија, реши да ја запознае јавноста со своето семејство – неговата поранешна сопруга Мирјам и синот Лука.

“Повеќето луѓе ме знаат од кошаркарски терени, а сега ќе имаат можност да ме запознаат во семејна атмосфера. Еден од нашите омилени занимации е ”плејстејшнот” a кај нас тоа е семејна конкуренција. Играат сопругата, синот и јас, и се разбира, кој ќе победи освојува слатка награда: чоколадо, торта или нешто слично “, објаснува таткото Саша додека синот Лука ужива играјќи игри.

Тие останаа заедно во детската соба. На ѕидот е постер од Црвена Ѕвезда, а веднаш до него е пластичниот кош каде Лука забива.

“Јас нема да го принудам да игра кошарка, тој самиот нека си избере што најмногу му одговара. Ако се одлучи за кошарка во ред, ако не, пак во ред…”, вели таткото Саша.

Без сомнение – тој го направи најдобриот избор!

Коментирај