ВИДЕО: „Хуго сега е мит“ – Топката ја допре 38 пати и постигна 38 голови

0
217

Хуго Санчез е фудбалска легенда кој четири пати во низа беше најдобар стрелец во шпанската лига во 80-тите години на минатиот век, а потоа Балтазар од Атлетико во 1989 година ја прекина неговата низа.

Веќе во следната сезона стигна одговорот на Санчез и тоа на неверојатен начин. Мексиканскиот напаѓач во дресот на Реал постигна 38 голови, а во историјата влезе затоа што верувале или не сите голови ги постигна со еден допир.

Головите ги постигнуваше со десна, лева нога, ножички, прсти, лизгачки стартови, пенал, слободен удар…

„Хуго сега е мит“ беше насловот од статијата која му ја посвети „Марка“.

Инаку, вчера се навршија 30 години од кога Мексиканецот постигна хет-трик со три допири во Овиедо и го изедначи рекордот по бројот на голови на Зара. Подоцна неговиот рекорд го сруши Роналдо кога во сезоната 2010/2011 постигна 40 голови.

Санчез во Реал се задржа две години, а кариерата ја заврши во 1997 година во Мексико.


Извор: Спортски.мк

Коментирај