(ВИДЕО) Хаос во турското дерби, гостинскиот тренер погоден, мечот е прекинат…

0
2508

 

Хаос на мечот од полуфиналето во Купот на Турција меѓу Фенербахче и Бешикташ кој е прекинат во 55 минута.

Мечот го прекинаа навивачите на Фенербахче кои во текот на мечот константно ги гаѓаа со тврди предмети играчите на Бешикташ. Се започна со црвениот картон на Пепе кој го доби во првото полувреме а кулминираше на почетокот од вториот дел кога беше погоден и тренерот на гостите Шенол Ѓунеш. Веднаш потоа резервниот голман на Бешикташ, Толга Зенгин се упати кон трибините да се пресмета со навивачите, по што од трибината почна да лета се и сешто.

На крајот фудбалерите на Бешикташ мораа да се повлечат од терен, тренерот Ѓунеш итно е префрлен во болница, а натпреварот е комплетно откажан.

 

Коментирај