(ВИДЕО) Грците маршираа во Њујорк додека одекнуваше „Македонија славна“

0
269

Грчката влада вети дека нема да има провокации на неодамнешната парада во Атина, но имаше кога се пееше „Македонија славна“. Сега повторно, на Националната парада на Хеленизмот одржана на Петтата авенија на Менхетен, Њујорк, во неделата одекнуваше „Македонија славна“ додека Грците маршираа во тој такт.

Грчките медиуми објавија дека на парадата имало илјадници учесници, дека се извикувале пароли против Преспанскиот договор, бараа права за Грците во Албанија и слобода за Кипар.

Годинашната парада беше посветена на 100-годипнината од „грчкиот гeнoцид во Понт“.

Грција била претставена од генералниот конзул Константин Кутрас, како и претставник на Кипар, и политичари американски-Грци.

На официјалната вечера имало и говори, а во своето обраќање кипарската пратеничка Елени Теохарус истакнала дека таа не може да крие оти се забележува пад на Хеленизмот.

Ве замолувам да се бopите за Грција на Каподистрија, за Грција која е 200 години слободна, да се борите за ocлободување на Грците, за Северен Епир, за Кипраните за Западна Тракија кои се во опасност“, изјавила Теохарус.

Федералната пратеничка Каролин Малони, која е копретседавач на грчкото јадро во Претставничкиот дом истакнала дека од 1996 година не поминала ниту една резолуција која е во интерес на Турција.

Свечена порака со благослов до „сите Грци“ упатил екуменскиот патријарх Вартоломеј.

Извор:лидер.мк

Коментирај