(ВИДЕО) Голман доби црвен картон за одбранет пенал!

0
811

Четвртфиналниот натпревар од европското првенство У-17 помеѓу Ирска и Холандија го одбележа контроверзна ситуација за која денес зборува цел свет.

Имено, судијата Здинек Проске ја шокираше ирската репрезентација откако во пенал серијата го исклучи голманот Џими Коркоран. Објаснувањето е дека прерано ја напуштил гол линијата.

Натпреварот во регуларниот дел заврши 1:1, а во пенал серијата Коркоран го одбрани пеналот при резултат 4:4 и славеше се додека судијата не му покажа црвен картон.

Судијата одлучи да го исклучи младиот голман, затоа што ја напуштил гол линијата пред да биди изведен пеналот.

Ситуација која ретко се гледа и ги збуни сите…

Погледнете:

Извор : sportski.mk

Коментирај