ВИДЕО: Голден Стејт нов шампион во НБА лигата

0
692

Кошаркарите на Голден Стејт ја освоија шампионската титула во НБА лигата откако ноќеска во петтиот дуел од финалната серија беа подобри од Кливленд со 129:120.

Најефикасен играч на мечот беше Кевин Дурант со 39 поени, Стеф Кари постигна 34.
Во поразениот тим вообичаено најдобар беше Леброн Џејмс со 41 поени, 13 скокови и осум асистенции, Кајри Ирвинг стигна до 26 поени.

За „воините“ ова беше 16 победа во плеј-офот и со само еден пораз на доминантен начин го завршија разигрувањето за трофејот оваа сезона.

Финалната серија заврши со резултат 4-1 во победи за Голден Стејт кој шампионската титула ја презема од Кливленд повторувајќи го успехот од пред две години кога во финалето исто така беа поуспешни од „кавалирс“.

За најкорисен играч (МВП) во финалната серија е прогласен Кевин Дурант кој со Голден Стејт ја реализира својата цел, да освои шампионски прстен во НБА лигата.

Коментирај