(Видео) Гол за памтење: Кејн од 50 метри го шокираше Роналдо и Јувентус!

0
734

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн го постигна победоносниот гол на спектакуларен начин во победата над Јувентус од 2-3.

Спарси стигнаа до првата победа на Интернационалниот куп на шампионите што се игра во Сингапур.

Натпреварот го одбележа голот на Хари Кејн буквално од половина терен.

Претходно Тотенхем поведе со 1-0 во 30 минута преку Ламела. До крајот на полувремето немаше голови. Во вториот дел Старата дама израмни преку Игуаин во 56. минута на 1-1, а четири минути подоцна Роналдо ја затресе мрежата за водство на старата дама од 2:1.

Во 65. минута Моура израмни на 2-2. Но тоа не беше конечниот резултат на овој натпревар.

Во 94-тата минута екипата на Тотенхем одзеде една топка на средината на теренот по грешката на Рабиот, а Кејн виде дека голманот Шчесни не беше во својот шеснаесетник и без размислување ја упати топката кон неговиот гол и погоди од 50 метри за конечни 2-3.

Ова е потегот на мечот….

Коментирај