(Видео) Фудбалски спектакл вечерва во Истанбул – Ливерпул и Челзи играат за трофејот во Суперкупот!

0
205

Натпреварот на Супер Купот на Европа е официјална генерална проба пред стартот на новата сезона.

Истанбул е домаќин на двете англиски екипи кои минатата сезона ги освоија трофеите во ЛШ и ЛШ.

Се среќаваат екипите на Ливерпул и Челзи, а дуелт е закажан за вечерва во 21:00 часот.

Ливерпул: Црвените веќе испуштија еден трофеј, но овој е поважен!

Тимот на Клоп имаше можност, во оваа сезона да освои шест трофеи. Покрај двата домашни секако и ЛШ. Оваа сезона Ливерпул ја започна онака како што доликува и против Норвич работата си ја завршија во првите 45 минути кога стекнаа предност од 4-0. За Истанбул, црвените ги врзуваат убави спомени. Тие во 2005 година токму во овој град стигнаа до титулата прваци на Европа и го победија Милан. Што се однесува до тимот, Клоп има проблем со нападот кој се соочува со доста замор, посебно Садио Мане кој играше во финалето на афричкиот Куп на нации.

Челзи: Овој натпревар доаѓа во лош момент!

Легандарниот Френк Лампард нема по добро да го памти своето деби на клупата од омилениот клуб. Тие преживеаа катастрофален пораз во првото коло од новата сезона и тоа на Олд Трафорд од Манчестер Јунајтед. Главниот проблем за овој клуб е тоа што немаше можност да доведува играчи поради казната која им ја изрече англискиот фудбалски сојуз. Од друга страна, замина и најдобриот Еден Азар кој сега е дел од „кралевите“, а исто така си замина и Давид Луиз и го облече дресот на Арсенал. Искрено, нашите очекувања за Челзи оваа сезона се минимални.

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:sportski.mk

Коментирај