(Видео) Фудбалер на Дортмунд само што наполни 21 година, а веќе мора во пензија!

0
323

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Дарио Скудери одлучи да ја прекине фудбалската кариера иако неодамна наполни 21 година.

Тој важеше за голема надеж на германскиот тим, но пред три години беше жртва на една од најтешките повреди видени на фудбалските терени.

Во 15-тата минута од натпреварот во младинската Лига на шампионите неговата Борусија играше против Легија Варшава Скудери заработи тешка скршеница по која веднаш беше пренесен во болница.

Соиграчите беа во неверување и многумина уште тогаш претпоставуваа дека неговата кариера е завршена.

Професорот Михаел Стробел кој го оперираше младиот Италијанец ја опиша повредата како најлоша можна и уште тогаш истакна дека не верува дека Скудери ќе може повторно да игра фудбал.

„Тоа е најтешката повреда која може да се замисли. Скоро се беше скршено: Лигаментите, сите мускули, тетивите…“.

По долгиот процес на опоравување, девет операции и скоро 700 дена надвор од теренот Скудери во минатата година почуствува како е да се игра фудбал, но набрзо сфати дека тоа не може да потрае долго и одлучи да се прости од фудбалот.

„Не беше лесна одлука. Играњето фудбал беше мој сон и дадов се од себе да го остварам. Се борев, имав понуди да продолжам да играм, но…Борусија Дортмунд е мое семејство и се радувам што ќе работам нешто ново“, изјави Скудери.

Додека Скудери се опоравуваше од тешката повреда Борусија го плаќаше сите трошоци за студирањето на спортски менаџмент и наскоро тој би требало да добие нова улога во славниот бундеслигаш.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор:sportski.mk

Коментирај