ВИДЕО: Европскиот шампион падна во Русија, „нула“ на Јунајтед и Валенсија, Рома „пукна петарда“!

0
267

Вчера со почеток од 21:00 часот се одиграа шест натпревари во рамките од второто коло во Лигата на шампионите.

Секако најголемото изненадување го приреди руската ЦСКА Москва која вечерва освои три бода против европскиот шампион, Реал Мадрид.

Русите до предност стигнаа уште во втората минута кога грешката на Тони Крос ја искористи Власиќ и го матираше Кејлор Навас.

Во последните моменти од средбата голманот на ЦСКА, Игор Акифеев заработи исклучување.

Во продолжение од натпреварот Реал доминираше имаше и имаше скоро 70% проценти посед на топката и упатија над 20 удари кон противничкиот гол, но недостасуваше реализацијата. После овој пораз Реал во групата „Г“ ќе биде второпласиран со три освоени бодови, со учинок од еден пораз и една победа. Лидер е ЦСКА со еден бод повеќе. Зад нив следуваат Рома и Викторија Плзен.

Во натпреварот од кој се очекуваше да понуди најмногу возбудвања, понуди најмалку. Манчестер Јунајтед и Валенсија одиграа без голови 0:0.

На оваа средба најголемо внимание привлече несмасниот потег на Ромелу Лукаку од првото полувреме.

Рома беше убедлива и на домашен терен славеше со 5:0 против Викторија Плзен, Баерн и Ајакс одиграа реми 1:1, Лион и Шахтјор исто така ги поделија бодовите со резултат 2:2, додека Бенфика на гостински терен кај АЕК запиша победа од 2:3.

Извор: sportski.mk

Коментирај