(Видео) Евро голот на Адуриз од Билбао ја клекна Барселона уште на стартот на сезоната!

0
112

Барселона ја отвори новата сезона во Ла Лига и тоа со пораз од Атлетик Билбао.

Барселона за прв пат после повеќе сезони на отварањето на сезоната не можеше да смета на Лионел Меси кој заработи повреда пред десетина дена. Отсуството на Меси се почуствува и во играта на Каталонците.

Дополнителен проблем на Барса и се случи во првото полувреме кога се повреди Луис Суарез, на негово место влезе Рафиња.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 88-та минута кога на теренот кај Билбао влезе ветеранот Адуриз кој само една минута подоцна со спектакуларен гол го матираше Тер Штеген.

Погледнете го ремек делото на Адуриз кој сигурно ќе конкурира за најубав гол на сезоната….

Коментирај