ВИДЕО: Еве како изгледа возење на Ф1 болид по скијачка патека

0
129

20-годишниот контроверзен Формула 1 возач Макс Ферстапен не престанува да изненадува со своите лудории.

Комбинацијата на врежани гуми, синџири за снег и природниот роден талент на Верстапен, го задржуваат „детето“ да лета низ снежната планина.

Погледнете го неговото возење, искачување и спуштање низ патеката на најпознатото скијалиште во Австрија – Кицбил.

Но, ова не е негова прва „лудорија“ со Ф1 болидот низ ски-патеките, тој традиционално „скија“ со својот болид низ овој „рај за сноубордерите“.

Инаку, Макс Ферстапен е син на поранешниот Ф1 возач Јос Ферстапен. Во 2014 година, на првиот тренинг на патеката во Сузука, Јапонија, 17-годишниот Макс стана најмладиот возач во историјата на ова натпреварување со само 17 години и 164 дена.

Ферстапен овој рекорд најверојатно ќе го држи долго време, бидејќи кратко откако ја доби својата супер лиценца од ФИА, организацијата ги смени условите и сега минималната возраст на Ф1 возачите е 18 години.

loading...

Коментирај