ВИДЕО: Епскиот дуел на Ливерпул и Арсенал на „Енфилд“ и денот кога Аршавин правеше чуда

0
136

На 21 април 2009 година одигран еден епски натпревар во Премиер лигата помеѓу екипите на Ливерпул и Арсенал.

Секој кој го гледал овој натпревар не е можно да го заборавил, а првата асосцијација за тој натпревар е – Андреј Аршавин! Тоа беше најдобриот натпревар во кариерата на рускиот фудбалер. Аршавин правеше чуда на теренот и ги постигна сите четири гола за Арсенал.

Во тој натпревар Ливерпул настапи во состав: Реина – Арбелоа, Карагер, Агер, Аурелио – Алонсо, Маскерано – Бенајун, Кајт, Риера – Торес (4-2-3-1). На клупата на „црвените“ беа: Лукас, Нгог, Кавалери, Досена, Ел Жар, Бабел и Шкртел.

На другата страна Венгер се реши да истрча на Енфилд со: Фабијански – Сања, Туре, Силвестре, Гибс – Аршавин, Сонг, Денилсон, Насри – Фабрегас Бендтнер (4-4-1-1). Шанса како резерви чекаа: Вела, Волкот, Маноне, Дијаби, Рамзи, Едуардо, Ебуе.

Уживајте во најдобрите моменти од овој незаборавен натпревар:

Коментирај