ВИДЕО: Енрике на невообичаен начин го објави списокот на играчи за натпреварот против Хрватска

0
60

Селекторот на шпанската репрезнтација, Луис Енрике го врати во екипата 29-годишниот лев бек Жорди Алба кој против Хрватска на 15. ноември за прв пат ќе игра по Светското првенство во Русија.

Енрике денеска го објави списокот на играчи за натпреварот против Хрватска во Лигата на Нации во Загреб и за пријателскиот натпревар на 18. ноември против Босна кој ќе се одигра на Канарските острови. Шпанскиот селектор списокот го објави на невообичаен начин, со помош на Паниновите сликички.

Алба во последните неколку натпревари остави добар впечаток и е еден од најдобрите играчи на Барса. Асистираше во натпреварите против Реал и Рајо, а постигна гол во победата од 2:0 над Интер на „Камп Ноу“. Од кога минатото лето на клупата на репрезентацијата седна Енрике не беше повикан. Алба саботата истакна дека се чувствува одлично, дека е во добра форма и дека му е цел да се врати во репрезентацијата.

Извор: sportski.mk

Коментирај