ВИДЕО: Елмас со магична вечер ја реши Словенија со 2:0

0
2748

Вечерва Македонија одигра одличен натпревар на арената „Тодор Проески“ и ја совлада Словенија со 2:1. Ова беше и тоа како важен натпревар за избраниците на Игор Ангеловски. После овој триумф се изедначивме со Словенија на третата позиција со по 11 бодови.

Во првото полувреме видовме тврда игра со по некоја шанса и на двете страни. Во самиот финиш ни беше поништен и еден гол. Бобан Николов беше најблиску до Облак, па главниот судија иако не влијаеше на акцијата се одлучи да го поништи овој погодок.

Ако голот беше неправедно поништен, правдата беше задоволена на самиот старт од вториот дел кога Елмас погоди за 1:0.

И после голот ние прикажавме многу подобра игра, а таква игра беше крунисана и со втор гол во 68-та минута и тој гол повторно беше дело на Елмас.

Во самот финиш Словенија гол постигна преку Иличиќ со удар од белата точка. Пеналот го направи Ѓоко Зајков.

Makedonija-Slovenija-2-0

Извор: Спортски.мк

Коментирај