(Видео) Две големи легенди на НБА и кошарката кажаа ЗБОГУМ! Ова се нивните најдобри моменти во кариерите

0
290

Дирк Новицки и Двејн Вејд се одјавија од НБА лигата и пред домашните навивачи забележаа победи со импресивни бројки зад нивните имиња. И двајцата во последните натпревари постигнаа по 30 поени!

Мајами Хит ја победио Филаделфија со 122:99, а Далас го победи Феникс со 120-109.

Двејн Вејд постигна 30 поени и стави крај на фантастичната кариера во која освои 3 шампионски титули, еднаш беше МВП на финалето.

Погледнете ги најдобрите моменти во кариерата на Двејн Вејд…

Публиката на Далас во Тексас пак се збогуваше со германецот Дирк Новицки.

Еден од најдобрите европски кошаркари кој го видела НБА лигата постигна 30 поени во победата над Феникс Санс. Новицки се повлекува како шампион, МВП и 14-кратен Ол стар играч, како еден од најдобрите во историјата на оваа игра.

Тој е и шести најдобар стрелец во историјата на НБА, со повеќе од 30.000 поени.

Неговиот помлад колега Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл со 21 поен, 16 скока и 11 асистенции.

Погледнете ги најдобрите моменти во НБА кариерата на Новицки…

 

Коментирај