(Видео) Доколку ги пропуштивте, ова се головите на мега спектаклот Бразил-Аргентина!

0
183

Бразил ја победи Аргентина со 2-0 и ќе игра во финалето на Копа Америка 2019.

Тоа е епилогот од полуфиналната дерби пресметка помеѓу вечните ривали.

Скоро во текот на целиот натпревар Аргентина беше поконкретна, но на крајот со исправени глави стадионот во ,Бело Хоризонте, го напуштија Бразилците.

Стрелци на головите за „кариоките“ беа Габриел Жезус во 19 минута, и Роберто Фирмино кој го постави конечниот резултат во 71. минута на асистенција на Жезус.

Во второто полуфинале ќе играат селекциите на Чиле и Перу во натпревар кој е закажан за денеска во 02:30 часот по полноќ.

Погледнете ги головите…

Коментирај