(Видео) Добрата страна на Киргиос – Кога сака може да игра и вака!

0
232

Ник Киргиос извори пласман во полуфиналето на АТП 500 турнирот во Вашингтон (САД), откако го елиминираше Словакот Норберт Гомбос на двапати со 6:3.

Тој ја темпира формата пред настапот на последниот грен слем турнир годинава, „УС Опен“ кој што ќе стартува на 26 август.

На овој меч покажа дека знае многу добро да игра тенис и покрај неговото контроверзно однесување на теренот.

Против Гомбос, Киргиос го имаше поенот можеби и на годината откако спаси неверојатна топка на противникот.

По поенот целата публика стана на нозе и со овации го поздрави неговиот потег.

Погледнете што успеа да спаси австралиецот…

Киргиос во полуфиналето во Вашингтон ќе се сретне доцна вечер против Циципас.

Коментирај