ВИДЕО: Џон Леџенд одржа мини концет на метро станица во Лондон

0
658

Музичката ѕвезда Џон Леџенд ги изненади фановите во Лондон, кога без никаква најава оддржа концерт на метро станицата „Сент Панкрас“.

Леџенд, кој е добитник на повеќе Греми награди, седејќи на пијано ги „почести“ патниците во Лондон со неколку од неговите најголеми хитови, како „Ordinary People“ и „All of me“.

Минувачите беа воодушевени, а некои во неверица извикуваа „па дали е ова е возможно“.

Неколку моменти пред да се појави на станицата, Џон на Твитер објави дека пристигнува во Лондон.

Коментирај