ВИДЕО: Џафери предизвика инцидент во Собранието, Груевски му ја одзеде картичката

0
1787

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од поранешниот премиер, Никола Груевски не дозволи насилно и противделовнички да биде донесен Законот за јазиците.

Tалат Џафери се обиде да ја отвори расправата за јазиците, пратениците на ВМРО- ДПМНЕ се собраа околу говоирницата на Џафери и бараат да се прекине гласањето за Законот за јазици и бараат процедурална.

На ова однрсување на Џафери најжестоко реагираше Груевски кој му го исклучуваше микрофонот, му ја истури водата, ѕвонеше на ѕвоното и му ја одзема картичката. Но, откако Талат се обиде да му ја одземе од раце, реагираше обезбедувањето, обидувајќи се да спречи можен инцидент.

Сепак Џафери одлучи да даде пауза од 15 минути. А ВМРО-ДПМНЕ бара разгледување на сите амандмани.

Коментирај