Видео: Девојката што беше уапсена за пушење џоинт на улица, направи интервју со Кили

0
1436

Откако се сними како пуши марихуана (џоинт) на улица, Моника Ристеска, му направи интервју на актерот, Кирил Поп Христов, каде го промовира канабисот како супстанца која ги лечи сите видови на болести. Доколку канабисот се користи за лекување, вели Кили, фармацијата не би постоела.

„Немате канабис овде во Македонија, не знаеме дали сме во расчекор или сме стапнале, декриминилазираме, казнуваме, легализираме, ти беше казнета. Не постои сепак повеќе тоа да ги малтретираат уживателите на канабис како во мое време“, вели тој.

Килиева трева, вели тој, му била најомилена. Ја одгледувал во дворот на баба му.

„Кога бев млад и кога овде никој не знаеше што е тоа канабис, садев кај баба ми во двор, ја ангажирав мојата баба да се грижи околу него и да го сади. На баба ми тревата беше најдобра што постои и се би дал да се врати џоинт да можам да попушам со неа“, вели Кили и додава дека баба му била против тоа но имала разбирање.

loading...

Коментирај