(Видео) Чекавме 12 години за нов медал во борење на големите шампионати!

0
353

Владимир Егоров и донесе медал на Македонија на Европските шампионати во борење по цели 12 години пауза.

Во категоријата до (-57 кг) Егоров го победи Андреј Дуков од Романија со 7-4 во една возбудилива борба за сениори во слободен стил во Букурешт.

medal

Пред 12 години, во 2007 година се радувавме на еден континентален медал, кога Мурат Рамазанов (-60 кг) го освои бронзениот медал на ЕП во Софија, Бугарија.

Погледнете ја борбата која и донесе нов медал на Македонија во борење…

Коментирај