(ВИДЕО) Бегство од затвор на колумбиска политичарка снимено на камера

0
2612

Првата колумбиска политичарка осудена на затворска казна поради купување гласови, во вторникот побегнала од затвор, откако и била дозволена посета на стоматолог, пренесе британски „Телеграф“.

Аида Мерлано (43) успеала да избега низ прозорецот на стоматолошката ординација во Богота, откако со црвено јаже се спуштила на улицата и побегнала со мотоцикл. Нејзиното бегство е регистрирано од надзорни камери.

Сè било добро испланирано, затоа што едно лице на мотоцикл ја чекало затвореничката на задната страна од ординацијата. Пред да се оддалечат, поранешната пратеничка ставила кацига на главата.

Од затворот известиле дека истрагата е во тек и нудат награда од 50 милиони колумбиски пезоси (околу 13.000 евра) за информации за тоа каде би можела да се наоѓа Мерлано.
Аида Мерлано минатиот месец беше осудена на 15 години затвор поради купување гласови на парламентарните избори во 2018 година.

Не е познато зошто и било дозволено да оди на стоматолог, бидејќи краткотраен престој надвор од затворот обично се дозволува само во исклучително итни ситуации.

За истиот ден било закажано сослушување на кое требало да се разгледаат можностите за намалување на затворската казна.

Извор: lider.mk

Коментирај