ВИДЕО: Арамија фатен на дело како краде на паркингот во Клинички центар

1
771

Автомобилите не ги отклучувал, туку ги кршел прозори и крадел чанти и други вредни предмети од нив – вака изгледа сценариото кое најверојатно го спроведувал крадецот кој „оперирал“ на паркингот во Клиничкиот центар во Скопје.

Но, сѐ има свој почеток и крај, па така и овој крадец е фатен од страна на обезбедувањето на Клиничкиот центар по претходно соочување со Алфите.

Погледнете го видео со наслов „Арамијата фатен на дело“, споделено на социјалните мрежи од страна на учесниците во акцијата, во кое се гледа како крадецот кој ги фрлил украдените чанти и се сокрил под автомобил го моли обезбедувањето на Клинички центар да му ја пушти раката, но не излегува од под автомобилот.

1 Коментар

Коментирај