(ВИДЕО) Амди Бајрам: Јас ги научив политичарите како да подмитуваат

0
612

Новиот партнер на Владата на Заев во парламентарното мнозинство, Амди Бајрам, во интервју за 1ТВ вели, тој е политичарот кој ги научил сите останати како да подмитуваат за избори.

„Од 1995 јас сум ги учел политичарите како да се работи. Првиот виновник кај Ромите сум јас, цела јавност нека знае. Јас сум ги научил како да се подмитува, како да ги добијат Ромите. Од 95-та наваму. Во цела Македонија. Јас не сум ги подмитувал, ви кажувам за другите политички партии со кои сум бил во коалиција. Им давав на големите лидери инструкции…во тоа време имаше брашно, зејтин…Ром веќе не прима пари“, вели Бајрам.

 

 

Коментирај