ВИДЕО: Александар и Дац со позитивна енергија во карантин ја испејаа „Корона чао“

0
342

Супер преработка, позитивна енергија и насмевки понудија Александар Митевски и Драган Спасов – Дац со најновата преработка на познатата песна „Бела чао“, а својата верзија ја насловија „Корона чао“.

Како што пишува во описот на видеото споделено на Јутјуб: „Корона чао“ е кавер на познатата Bella Ciao, во придружба на Брастет Скопје, направен за добра забава. Верзијата е направена за еден ден, од идеја до реализација, со многу љубов 🙂 Спотот е снимен во карантин, во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла. Снимен на телефони, а истотака, измонтиран од музичката екипа. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни “карантински” online настапи на FB.
Уживајте и пејте со нас 🙂

Коментирај