ВИДЕО: Ахмети „лупаше“ по маса и се дереше во студиото на ТВ 21, лут зошто Албанците не биле обединети

0
1702

Вечерва по завршување на лидерската средба во вилата Водно, лидерот на ДУИ Али Ахмети гостуваше во Клик на ТВ21. Видно бесен, Ахмети рече дека му е срам да оди на средби во 6 албански партии кога Македонците доаѓаат со 2, една од власта и една од опозицијата.

„Јас сум виновник затоа што не возвраќав на навредите. Веќе нема да молчам. Да се освестат и да ги обединат Албанците, а не да ги делат. Срам ми е да одам на средби со 6 различни албански делегации и да се викаме Албанци со образование, со факултет. Каков факултет имаме, какво образование имаме. Срамота е за Албанците 6 албански делегации, а само 2 македонски – една на власта и една на опозицијата. Доаѓа Беса со шестмина, затоа што не се веруваат едниот на другиот. Села со 3-4, Тали со 2-3, Ахмети со 2-3, Острени со 2-3, ова е срамота. И ми велите дека јас сум ги навредил нив. Најдете ми го најмалиот доказ и ќе се тргнам, нема да ги понижам Албанците“, вика и мава во студиото Ахмети.

Исечокот од гостувањето на Фејсбук го сподели вицепремиерот на Владата и портпарол на ДУИ Бујар Османи со коментар „Лидер“.

Коментирај