ВИДЕО: „2Cellos“ со маестрална изведба на насловната нумера од „Game of Thrones“

0
661

Хрватските виолончелисти Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер од светски познатото дуо 2Cellos (Ту Челос) снимија извонредна верзија на најавната тема од мегапопуларната серија „Game of Thrones“ (Игра на тронови), заедно со Лондонскиот симфониски оркестар.

Видео-спотот е снимен во прекрасниот Дубровник, каде што, исто така, се снима и добар дел од серијата, што ја прави целата атмосфера уште поволшебна.

Слушнете и видете ја оваа нивна маестрална изведба која што воедно е и прв сингл од најавениот албум „Score“ кој што треба да излезе на 17 март годинава, а кој ќе опфати 14 теми од познати филмски хитови. Уживајте!

Коментирај