Ви ги откриваме фитнес советите на Арнолд Шварценегер

0
132

Од денеска започнете да тренирате и вежбате како легендарниот акционен херој и фитнес иконa Арнолд Шварценегер.

Ви ги откриваме неговите совети како правилно и ефикасно да тренирате и вежбате, а истите се специјално направени за високи мажи.

1. За мускулна маса – мртво кревање

Доколку имате кратки нозе и долги раце, вие сте природен талент за вежбање мртво кревање. Додавајте тежина со тек на време, за да бидете на одличен пат до создавање совршено тело. Секогаш правете 3 серии по 5 повторување, секако со пауза.

2. Бенчот никако не го заборавајте

Не постои ништо подобро од секојдневни вежби со телото. Меѓутоа, бенчот може да биде тежок за високите вежбачи, бидејќи телото ви е во незгодна позиција, со голем притисок на рамениците. Решение за ваквиот проблем е добро прилагодување на тежината. Ако сакате да кревате голема тежина, изберете други вежби со помош на сајла или ланец.

3. Не правете бенч на исправена клупа

Ако имате долги раце, избегнувајте го овој бенч затоа што ќе имате последици со рамениците. Најдобра замена за него се теговите или пак бенч на коса клупа.

4. Нозете секогаш се најважни

Вашите долги нозе не се проклетство, туку може да ги искористите во своја корист. Тие атрибути се одлични за вежбање за предната ложа, со што ќе ја зголемите мускулната маса и ќе остварите подобри резултати.

5. Како замена за лат машината правете склекови

Високите вежбачи тешко остваруваат добри резултати на лат машината. Затоа, склековите се совршен избор за зголемување на масата и јакнење на вашиот грб.

Коментирај