Ветерани на УЧК: Името на Македонија треба да биде „Северна Илиро-Македонија“

0
1145

Здружението на Ветераните на Ослободителната национална армија, денеска излезе со реакција во врска со повторното актуелизирање на прашањето за името на Македонија, пренесува Газета Експрес.

Според нив, во решавањето на ова прашање треба да бидат вклучени и албанците, при што тие имаат дадено предлог за тоа како треба да се вика Македонија.

“Не еднострано решение за името на Македонија. Неколку пати надворешните фактори го актуелизираат прашањето за адекватно име на БЈРМ – Македонија. Нимиц е назначен за официјален претставник. Тој не успеа, или беше спречен да дојде до вистинската цел. Сепак, тој продолжува. Ние сме благодарни. Во сиот тој напор, никогаш не беше земен предвид автохтониот албански фактор. Без ова, не може да има реално долгорочно решение. Во последната деценија дадовме врвна идеја а тоа е името “Северна Илиро-Македонија”. Ние сме одлучни “, велат од ЗВВ на УЧК.

Коментирај