Верувале или не: Земал банана и со селотејп ја залепил на ѕид, а сега поради тоа ќе заработи цело богатство (ФОТО)

0
10234

Неверојатно уметничко дело изложено во една галерија во Мајами ќе биде продадено за дури 120.000 долари.

Сето тоа би било во ред да не беше толку необично. Станува збор за банана залепена со селотејп на ѕид.

Според податоците објавени на сајтот „Artnet“, две од три уметнички инсталации се продадени и цената сега достигнува и до 150.000 долари.

Бананата залепена со дебел селотејп е дело на Маурицио Кателан и била претставена во средата во галеријата „Perotin“.

Бананата била купена во супермаркет во Мајами и е залепена со парче сив селотејп.

Основачот на галеријата, Емануел Перотин, за CNN рекол дека бананата е симбол за глобалната трговија, како и дека често се користи во хумористична смисла.

Потенцијалните купци треба да знаат дека не постои инструкција за тоа што треба прават кога бананата ќе почне да скапува.

Инаку, Маурицио Кателан е уметник кој често ја предизвикува популарната култура. Едно негово дело – тоалетна школка од 18-каратно злато е проценета за околу 6 милиони долари.

Украдена е во септември во Англија. Биле уапсени пет лица, но тоалетната школка не е пронајдена.

Извор: kurir.mk

Коментирај