Венус Вилијамс избори полуфинале на УС Опен

0
377

Американката Венус Вилијамс се пласира во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД откако ноќеска во четвртфиналето ја победи Петра Квитова (Чешка) со 2-1.

Вилијамс која е деветта носителка на УС Опен го освои првиот сет со 6:3, а Квитова со ист резултат возврати во вториот сет. Мечот беше решен во тај-брејк (7:6) во третиот сет.

Во полуфиналето Вилијамс ќе се сретне со сонародничката Слоан Стивенс која синоќа ја елиминира Анастасија Севастова од Летонија исто така со 2-1 (6:3, 3:6 и 7:6).

Другите две двојки за четвртфиналето се:

Каролина Плишкова (Чешка) – Коко Вандевеј (САД) и

Медисон Кис (САД) – Каиа Канепи (Естонија).

Коментирај