Венгер очекува Озил да биде лидер на тимот

0
37

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер изрази задоволство од продолжување на договорот на Месут Озил, фудбалер од кого очекува да биде вистински лидер на екипата.

– Тоа што го очекувам од Озил е да ја преземе одговорноста на водач на тимот и да помогне во обидот да избориме место во Лигата на шампионите. Иако многумина сметаа дека Озил ќе не напушти, тој се реши да остане во Арсенал и тоа многу ме радува. Имајќи во предвид се што се случуваше во преодниот рок, можам да кажам дека многу позитивна работа е да задржите битен играч како него и да му го продолжите договорот на уште неколку години, истакна Венгер.

Германскиот репрезентативец го продолжи договорот со „топџиите“ до 2021 година за што доби неделна плата од 300.000 финти.

Коментирај