Велигденскиот остров станува заштитена територија

0
259

Велигденскиот остров ќе стане ново заштитено морско подрачје, кое ќе биде најголемо во Јужна Америка, откако идејата беше одобрена од полинезискиот народ Рапа Нуи, кој живее на островите лоцирани во Тихиот Океан.
Заштитената територија ќе има површина од 720.000 квадратни километри и ќе се наоѓа на 3500 км од Јужна Америка.
Велигденскиот остров најчесто се идентификува со познатиот Моај – над 600 огромни, издолжени камени фигури. Многу од тие фигури се високи од 9 до 15 метри и тежат до 250 тони. Тие се врежани од вулкански сноп на островот и стојат на огромни камени олтари наречени аху. Останува мистерија, која е цивилизацијата што ги изградила тие монументални статуи.
Во тропските води околу ова интересно место, од друга страна, постојат корални гребени, дел од нив се уникатни и не можат да се видат на ниедно друго место во светот. Ова главно се должи на оддалеченоста и изолилацијата на островите.
Овој чекор е направен со цел да се заштити овој прекрасен регион. Според локалните власти, овој чин е „историски напредок“. Заштитените подрачја на морската површина се области каде што човековата активност е ограничена или забранета
со цел зачувување на присутните видови и биолошкото разнообразие.
Локалните жители го одобрија заедничкото управување со оваа област со државните претставници и гласаа за риболов кој треба да се практикува само од луѓето припадници на племето Рапа Нуи.
.

Коментирај