ВЕЧНА ТИ СЛАВА КОМИТО: Над 2.000 луѓе му одадоа почит на крвнички претепаниот Никола – Саздо

0
1452

Никола Саздовски – Саздо, денеска беше погребан на гробиштата во Ракотинци. На погребот присуствуваа повеќе од 2.000 луѓе, меѓу кои присуствуваа и голем број претставници од навивачката група Комити, како и претставници на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ чиј член беше Саздовски. Како што доликува комитски со песна другарите го испратија Саздов на неговото вечно почивалиште.

Оние кои лично го познава имаа огромна почит за него велат неговите пријатели, тој беше храбро момче кое ја сакаше Македонија, страсно навиваше на Вардар и имаше лавовско срце. Имаше свои соништа и светла иднина која прерано згасна благодарение на подмолниот напад додека тој беше со својата девојка велат тие.

Неговите пријатели велат дека тој секогаш бил тука за нив и токму поради тоа во огромен број тие се сега тука за него.

На погребот Комитите дојдоа со неговиот омилен транспарент на кој пишува „Боже чувај ја Македонија“, и на самиот крај од сето срце сите ги извикува овие зборови со црвени баклји високо кренати кон небото, а мисата ја водеше Отец Ивица.

Извор: Инфомакс.мк

Коментирај