Вечерва не се руши „Александар Македонски“, апелираат од Владата

0
202

Откако на социјалните мрежи почнаа да се шират шпекулации дека вечерва, во пресрет на доаѓањето на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, ќе се отстранува споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот Македонија, а за тоа наводно бил донесен и специјален кран од Бугарија, се јавија Владата и Министерството за култура на Република Македонија.

Владата на Република Македонија, преку својата официјална Твитер сметка, ги демантира, како што што напиша, лажните вести дека се преземаат било какви зафати за отстранување на спомениците на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

„На Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат било какви физички зафати за отстранување споменици. Секоја друга поинаква информација е лажна вест“, објави во објавата на Твитер профилот на Владата.

И од Министерството за култура упатија апел до граѓаните да не се вознемируваат бидејќи вечерва воопшто не се планирани никакви активности на плоштадот во центарот на Скопје и дека нема никаков план за рушење на споменикот на Александар Македонски.

„Почитувани сограѓани, немојте да потпаѓате под влијание на лажни вести дека се случува отстранување на споменици од Плоштадот Македонија во Скопје. На Плоштадот во Скопје не се планирани ниту се преземаат какви било физички зафати. Секоја друга поинаква информација е лажна вест“ стои во Фејсбук објавата на Министерство за култура.

Коментирај