ВЕЧЕР: Владата е подготвена – чекаме да ни ја соопштат!

0
11359

Спорет порталот Вечер, Ставовите на двете партии се речиси усогласени на ниво на преговарачи, кои интензивно разговараа за можните комбинации во изминативе неколку дена. Она што може да се дознае од меѓупартиските преговори е информацијата дека одредени преговарачи од обете страни, како поискусни политичари, избегнувале инсистирање на стриктни персонални решенија, туку пред се на почитување на партиските програми како највисок приоритет за воспоставување функционална владина коалиција. Рокот до кога мандатарот Никола Груевски треба да објави дека има мнозинство за формирање на влада истекува в недела на полноќ

Неизвесноста која последниве неколку дена се наметна на политичката сцена, во последните часови пред истекот на предвидениот рок најавува разврска. Највисокото тело на ДУИ го дефинира влезот во новата влада и тоа кој ќе биде новиот коалициски партнер. Состанокот на централното претседателство на ДУИ помина со бурна расправа со оглед на фактот што и претходно се знаеја различните ставови на раководството. Тоа се оние структури кои се финансирани во Сорос кои за ДУИ ги изгубија неколку минати изборни циклуси. Главата на овој октопод во ДУИ е Теута Арифи која го предводи тетовско-гостиварскиот соросоиден клан. Нејзина лична другарка е Радмила Шеќеринска, главниот лузер во СДСМ. Арифи неодамна во интервју го осуди феноменот на т.н. “десоросоизација” кој го најави и почна Никола Груевски, и порача дека ДУИ нема ништо против фондацијата Отворено општество Македонија.

“Не смее да се заборави поддршката при осамостојувањето на земјите од Источна Европа, меѓу кои и Македонија, од фондацијата Отворено општество Македонија. Сите тие стипендии кои биле дадени биле насочени кон научно надградување на нашите граѓани”, рече Арифи.

Ставовите на двете партии се речиси усогласени на ниво на преговарачи, кои интензивно разговараа за можните комбинации во изминативе неколку дена. Она што може да се дознае од меѓупартиските преговори е информацијата дека одредени преговарачи од обете страни, како поискусни политичари, избегнувале инсистирање на стриктни персонални решенија, туку пред се на почитување на партиските програми како највисок приоритет за воспоставување функционална владина коалиција.
Рокот до кога мандатарот Никола Груевски треба да објави дека има мнозинство за формирање на влада истекува в недела на полноќ. Но засега никој не може да потврди кои се опциите доколку тоа не се случи, односно дали ќе го врати мандатот на претседателот Иванов или ќе добие дополнителни десет дена.
Членот 90 во Уставот предвидува “мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата по што Собранието ја избира со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Познавачите на политичките прилики во јавноста веќе коментираа дека со овој член не се предвидува втор или трет мандатар и дека на побединичката партија треба да и се дозволи доволно време за да формира мнозинство, пишува Вечер.

Извор: Вечер

Коментирај