„Вечер“: Еве зошто Богац од Карпош се преправа дека не го ни познава Боки 13

0
994

Стефан Богоев е еден од 17-те лица кои досега беа во Јавното обвинителство за организиран криминал во врска со случајот Рекет, во кој првоосомничен е Бојан Јовановски (Боки 13), а веднаш зад него Зоран Милески (Зоки Кичеец), пренесува Вечер.

Извори од истрагата за vecer.mk откриваат најмалку 4 причини зошто Богац беше во ОЈО за Рекет.

1. Незаконско финансирање изборна кампања за локалните 2017 година со пари од Боки 13.

2. Планот за “Капош на вода” (кој Боки го нарекол поинаку)

3. Злоупотреба на службена положба и овластувања како градоначалник на Карпош за потребите на 1ТВ.

4. Прекршување на законот за градба за коj Миле Јанакиески и Стевче Јакимовски лежат во притвор со месеци по барање на ОЈО и СЈО.

Да одиме по ред.

Прво: За финансирањето на изборна кампања веќе пишувавме, а градоначалникот демантираше само една ставка од многу набројани.

Втора од причините зошто градоначалникот Богоев беше во ОЈО е Меморандумот за соработка кој општина Карпош го има потпишано со Меѓународниот сојуз на Боки 13. За другите причини, малку подолу во текстот.

index

Стефан Богоев, како градоначалник на општина Карпош, има потпишано Меморандум за соработка со Бојан Јовановски, како претседател на Меѓународниот сојуз во ноември 2017 година. Цели 6 месеци по конститутивната седница на Меѓународниот сојуз, во чиј Управен одбор е неговиот татко Владо Богоев.

Во меморандумот е наведено дека, цитираме: ..”општина Карпош дава поддршка за заедничка реализација на проектни активности, изработка на проекти и соработка во имплементација на проекти и други активности, како и третирање на локални прашања и социо-економски активности, во насока на поголема ефикасност во реализацијата на нашите заеднички цели и легитимност во барањата адресирани до релевантните институции на локално и национално ниво.”

Седум месеци подоцна, во јуни 2018 година, 1ТВ го презентираше проектот „Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ на територија на општина Карпош.

Комплексот е луксузен, покрај река. Експертите кои биле вклучени во барањето локација го нарекуваат “Карпош на вода”.

Целиот текст на Вечер.

Извор:курир.мк

Коментирај