Ве мачат масните наслаги на стомакот? Ова се ТРИТЕ НАМИРНИЦИ со кои наслагите ќе се симнат

0
272

Одредена исхрана и правилна диета играат голема улога доколку сакате да работите на своето здравје, но и изглед – особено ако сакате да имате рамен стомак. Поради тоа одлучивме да ви откриеме кои намирници се покажаа како најдобри за симнувањето на масните наслаги од стомакот.

Житарици

Тие влегуваат во групата јагленохидрати кои исто така имаат своја улога во битката против масните наслаги. Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат булгур и останатите врсти на житарици имаат значително порамен стомак од оние кои тоа не го конзумираат. Булгурот е одличен, бидејќи има влакна кои помагаат во разработувањето на метаболизмот, а ги намалуваат масните наслаги.

Пробиотичен јогурт

Тајната на јогуртот ја знаат сите оние кои немаат масни наслаги на стомакот, но ги мачи надуеност која визуелно го зголемува стомакот. Тука на помош доаѓа јогуртот кој е одличен за проблемот со надуеноста.

Риба

Доколку вашата исхрана е богата со омега 3, масни киселини, кои најмногу ги има во рибата, вашето тело ќе произведува повеќе мелатонин, хормон кој влијае на спиењето. Луѓето со дефицит од омега 3 не спијат во вообичаениот период, што придонесува до нездрав преседан во текот на ноќта.

Авокадо

Ова овошје изобилува со нзаситени масти, кои влегуваат во категоријата здрави масти. Истражувањата покажуваат дека авокадото е одлично за ситост, а притоа и не здебелува. Воочено е дека авокадото посебно добро влијае на подрачјето околу струкот и дека допринесува за намалување на мастите во тој дел од телото.

Лешници

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои во текот две недели секојдневно јадат една рака лешници не се дебелеат . Лешниците создржат здрави масти и го намалуваат холестеролот, но не треба да ги јадете повеќе од една рака во денот.

Коментирај