Важна вест за сите кои имаат блок билети за натпреварите на Вардар во Лигата на Европа

0
223

Останаа уште само два дена за менување на ваучерите за блок влезници за Лигата на Европа со електронски картички. Уште денеска и утре од 10 до 18 часот во Фудбалската Академија на ФК Вардар ќе се врши замената за картички.

Ве потсетуваме дека на следните два натпревари против Реал Сосиедад и со Розенборг, нема да може да се влегува со ваучери, туку само со електронски картички.

Воедно трае продажбата на единечни билети за натпреварите со Реал Сосиедад и Розенборг, преку продажната мрежа на Тикет плус (www.tiketplus.mk)

Коментирај